Одбележување на 25 години од формирање на АРМ

Припадници на АРМ

Армијата на Република Македонија денеска одбележува 25 години од формирањето. На централната свеченост на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, ќе се обратат претседателот Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Иванов со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Командата за обука и доктрини, Баталјонот за почести и Четвртиот механизиран пешадиски батајлон на Армијата на Република Македонија.