Русија и Кина со предупредување до САД за Северна Кореја

Лидерот на Северна Кореја со ракета. Илустрација.

Русија и се приклучи на Кина во повикот до САД да не преземаат воена акција против Северна Кореја, соопштувајќи дека заканите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг може да дојдат до точка по која нема враќање. Одделните соопштенија на Москва и Пекинг доаѓаат во услови кога американските власти наведоа дека подготвуваат воени опции доколку преговорите за елиминирање на нуклеарната програма на Северна Кореја не се успешни. Портпаролот на министерството за надворешни работи Марија Захарова изјави дека секој обид да се реши проблемот со сила ќе резултира со масовна трагедија и големи загуби на живот.