Физички нападнат косовскиот новинар Парил Олури

Парим Олури

Косовскиот новинар и директор на порталот „Инсајдер“, Парим Олури, кој е познат по извештаите за корупција, синоќа бил физички нападнат. Олури кој се здобил со полесни повреди изјави дека нападот врз него е напад врз слободата на медиумите. Тој посочи декa не му е познат мотивот за нападот, но оти причина би можеле да бидат неговите текстови.