Фејсбук ги укина профилите на учесниците на десничарскиот собир во Вирџинија

претставници на Кју Клукс Клан и на неонацистите протестираат во Шарлотсвил, Вирџинија

Социјалната мрежа Фејсбук ги укина Фејсбук и Инстаграм налозите на учесниците на собирот на екстремните десничари во Шарлотсвил, Вирџинија кога три лица загинаа, а дваесетина беа ранети. Десничарите, меѓу нив и претставници на старата расистичка група Кју Клукс Клан и на неонацистите во минатата сабота се собраа да протестираат поради отстранувањето на споменикот на генерал Роберт Ли.