Запрена потрагата по четири исчезнати рудари во Русија

Архива - Рудари од компанијата „Алроса.“

Рускиот дијамантски гигант „Алроса“ соопшти дека ја запреле истрагата за четири од осум исчезнати работници во поплавениот рудник за дијаманти во источен Сибир. Компанијата „Алроса“ која е под контрола на државата денеска соопшти дека било невозможно да продолжат со истрагата на длабочина од 310 метри, каде четири рудари додека работеле, на 4 август во рудникот „Мир“ во регионот Саха – Јакутија, се срушиле карпи од пештера и во рудникот влегла вода.

Потрагата по останатите четворица исчезнати рудари ќе продолжи, велат од „Алроса“. Оттаму велат дека рударите се наоѓале на длабочина од 210 метири кага започнало поплавувањето на рудникот. Останатите 151 работник во рудникот биле спасени. Рудникот „Мир“ беше отворен во 2009 година, а произведува еден милион тони дијамантна руда годишно.