Уапсен вооружен напаѓач во Истанбул

Илустрација - поглед на градот Истанбул.

Вооружен маж денеска пукал врз неколку возила од покрив на зграда во Истанбул, јавуваат турските медиуми, наведувајќи оти турската полиција веднаш ја опколила зградата и набрзо успеала да го уапси напаѓачот. Се уште нема информации за жртви во инцидентот кој се случи во истанбулската населба Есенјурт. Турските медиуми објавија снимка во која се гледа маж на покривот со пушка во раката, додека полицајци го довикуваат од пред зградата.