Данфорд: САД подготвени да се одбранат од Северна Кореја

Шефот на американскиот Генерлштаб Џозеф Данфорд.

Шефот на американскиот Генерлштаб, генералот Џозеф Данфорд на претседателот на Јужна Кореја му посочил дека САД се подготвени да ги искористат сите воени способности кои ги имаат за да се одбранат од Северна Кореја. Данфорд во Сеул оствари средба со воени претставници на земјата и со претседателот Мун Џае Ин. Тој изјавил дека нукеларната програма на Северна Кореја претставува закана за целиот свет.

Данфорд ќе ги посети Кина и Јапонија во наредните денови. Џае Ин повикал на смиреност на тензиите со Северна Кореја со цел да нема војна на островот.