Краен рок претседателот да го потпише ребалансот на буџетот

Претседателот Ѓорге Иванов

Истекува крајниот рок во кој што претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде својот потпис за ребалансот на буџетот, кој шести ден е во неговиот Кабинет.

Иванов е на годишен одмор надвор од земјата.

Според процедурата откако претседателот ќе го потпише указот за ребалансот на буџетот, законот излегува во “Службен весник” по што стапува во сила. Законите се објавуваат најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување.

Ребалансот на буџет во Собранието беше усвоен минатата недела.