Расправата за Зврлевски утре, денеска е годишнина од Рамковниот

Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Расправата во Собранието на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи во понеделник.

Претседателот на Собранието Талат Џафери првично седницата ја закажа за денеска, но во меѓувреме ја презакажа расправата за утре во 11 часот зашто тој денеска во 19 часот ќе се обрати по повод одбележувањето на 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во хотелот Александар Палас во Скопје.
Вчера на собраниската седница пратениците од опозицијата му предложија на претседателот на Собранието Талат Џафери расправата да ја закаже во понеделник, но тој не се согласи и закажа ново продолжение за денеска со образложение дека поради нивните бројни реплики тие се одговорни што Собранието треба да работи и во недела.