Трамп: заблагодарувањето на Путин за протерувањето дипломати е шега

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се шегувал кога му се заблагодарил на рускиот претседател Владимир Путин за наредбата за длабоки кратења на американскиот дипломатски персонал во Русија, бидејќи со тоа ќе им заштеди пари на САД. "Апсолутно", рече Трамп, откако новинарите го прашаа дали е саркастичен за изјавата од претходниот ден , кога рече дека "многу ја цени" помошта на Путин во намалувањето на трошоците за плати на Стејт департментот. Секретарот за печат на Белата куќа, Сара Сандерс, исто така, денеска објави на Твитер дека Трамп " бил саркастичен" кога ги дал забелешките. Путин минатиот месец им нареди на САД да намалат 755 од околу 1.200 вработени во американската амбасада и конзулатите во Русија. До наредбата на Путин дојде откако Конгресот на САД донесе нов закон за цементирање на санкциите против Москва поради нејзината агресија во Украина и наводното мешање во изборите во 2016 година.