Расправата за разрешување на Зврлевски продолжува напладне

Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да одржи продолжение на шестата седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Вчерашната седница во Собранието беше тензична и со многу паузи кои беа барани од ВМРО-ДПМНЕ, како и со окупирање на говорницата од пратеници и со обезбедување на барање на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избор

Вчера во вечерниот дел од расправата, по пауза што беше побарана од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието повика обезбедување како реакција на тоа што, како што рече, пратеник му ја одзел картицата. Обезедувањето беше повлечено, а седницата продолжи.