Најмалку 18 загинати во судир на возови во Египет

Илустрација - возови во Египет.

Најмалку 18 луѓе загинале и повеќе од 50 се повредени во судир на два патнички возови во Египет, се вели во извештаите од земјата. Државната телевизија известува дека несреќата се случила денеска во медитеранскиот град Александрија. Во Египет во последните години се случија неколку несреќи. Во 2002 година се запали воз што се движеше на југот на земјата при што загинаа повеќе од 360 луѓе.