Шилегов - ВМРО-ДПМНЕ да престане да го штити Зврлевски

Архива - Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов.

Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов на прес-конференција во Собранието рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го штити јавниот обвинител Марко Зврлевски и криминалот во земјата. Шилегов изјави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се инструментализирани и преку обид да направат тотална блокада на Собранието, всушност делуваат единствено во заштита на криминалот на нивното партиско раководство. Шилегов рече оти нервозата на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја спречи правдата и нема да спречи во Македонија сите да бидат еднакви пред законот.