Русија осуди украински државјанин за тероризам

Украинскиот државјанин Артур Панов осуден за тероризам.

Судот во Русија осуди украински државјанин на осум години затвор за обвиненија за тероризам. Регионалниот суд на Северен Кавказ денеска го прогласи за виновен Артур Панов за планирање терористички напад во градот Ростов-на-Дон. Рускиот државјанин Максим Смишлаев беше осуден на десет години затвор за истите обвиненија. Панов во декември беше уапсен во Ростов-на-Дон, а Смишлаев во јануари. Двајцата беа изведени пред суд во февруари оваа година.

Активисти за човекови права велат дека Русија затворила неколку Украинци врз основа на политички мотивирани обвиненија, откако Москва го презеде украинскиот Полуостров Крим во март 2014 година. Во март Европскиот Парламент ја повика Русија да ослободи повеќе од 30 украински државјани кои биле во затвор или во под ограничена слобода во Русија, Крим и други делови на источна Украина под контрола на проруските сепаратисти.