Претседателските избори во Словенија на 22 октомври

Словенечкиот претседател Борут Пахор

Претседателот на словенечкиот Парламент, Милан Брглез денеска ги закажа претседателските избори за 22 октомври. Петгодишниот мандат на актуелниот претседател Борут Пахор истекува на 22 декември. Сите претседателски кандидати мора да бида познати најмалку 25 дена пред изборите. Пахор веќе најави дека ќе се кандидира за втор мандат.