Трамп му се заблагодари на Путин за кратење на дипломатскиот персонал во Русија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да протера стотици американски дипломати од Русија ќе им заштеди пари на Соединетите држави. Тој на средбата со новинарите оцени дека неговото предупредување до Северна Кореја можеби не било доволно.