Климатските промени предизвикуваат поплави во Европа

илустрација

Климатските промени влијаат врз времето кое предизвикува излевање на реките во Европа и затоазаедниците мора да се прилагодат за да се избегнат натамошни економски и еколошки штети. Ова го наведуваат научниците во текст објавен во списанието „Сајенс“. Поплавите од реките се меѓу најскапите природни катастрофи, бидејќи годишно нанесуваат штети поголеми од 100 милијарди долари. Поплавите влијаат и врз милиони луѓе, со оглед на тоа што многу градови се наоѓаат покрај реки.