Собранието ја продолжува расправата за Зврлевски

Собранието расправа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Собранието на Македонија денеска ја продолжува расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На последното продолжување имаше серија реплики и контрареплики од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина работата. На дневен ред на седницата се уште 31 точка меѓу кои и Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, Информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година.