Трамп: ќе заштедиме пари со протерувањето на дипломатите од Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да протера стотици американски дипломати од Русија ќе им заштеди пари на Соединетите држави. Според него, одлуката на Москва ќе го намали „списокот за плати“ и „ќе заштеди многу пари“. Ваквите негови забелешки пред новинарите во неговиот голф центар во Њу Џерси е прв јавен одговор на потегот на Путин. Новинарите кои му поставуваа прашања на Трамп изјавија дека не било јасно дали американскиот претседател се шегувал за одлуката за протерување на 755 вработени во амбасадата и конзулатите во Русија поради новите американски санкции.