Турските власти спречија напад врз базата Инџирлик

Турските медиуми јавуваат дека властите уапсиле осомничен милитант на Исламска држава од Русија, кој наводно планирал напад со беспилотни летала врз американски авиони во воздухопловната база Инџирлик. Во извештаите се цитирани неименувани официјални претставници, велејќи дека рускиот државјанин, идентификуван како Руслан Бакиев, бил уапсен во јужниот град Адана додека "ја проучувал" областа околу воздухопловната база Инџирлик. Според истите извештаи Бакиев бил осомничен за заговор за напад врз муслиманската заедница Алеви во регионот.Турција е членка на НАТО, а американските воздухопловни сили го користат Инџирлик за воздушната кампања против Исламска Држава во Сирија и Ирак.Турскиот телевизиски канал Хабертурк објави дека Бакиев бил депортиран од Турција кога се обидел да влезе во Сирија.