Иранска блогерка принудно транспортирана во Израел

Иранска блогерка за израелски веб-сајт за вести пристигна во Израел од Турција, каде што вели дека се соочила со можна депортација назад во Исламската република. Говорејќи на прес-конференцијата по нејзиното пристигнување во Израел на 10 август, Неда Амин рече дека сега се чувствува безбедна. Таа рече дека го напуштила Иран и заминала во Турција во 2014 година, откако и се закануваа со затвор поради пишување критични текстови за иранската влада.

Амин рече дека турските власти неодамна и соопштиле дека ќе биде депортирана во Иран. Таа стравува дека нејзиното пишување во израелскиот медиум и ја загрозила безбедноста таму. Уредникот на Тајмс на израелски јазик Дејвид Хоровиц, изјави дека ги убедил израелските власти да помогнат да се донесе Амин во Израел. По пристигнувањето на Амин на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, израелскиот министер за внатрешни работи, Арие Дари, на твитер напиша: "Добредојдовте во Израел!"