Лидерот на Доњецк се откажа од иницијативата за Малорусија

Лидерот на проруските бунтовници во Доњецк, Александар Захарченко.

Лидерот на проруските бунтовници во Доњецк, Александар Захарченко изјави денеска дека пропаднал неговиот план за прогласување на земја под името Малорусија. Според соопштението, неговиот план бил одбиен од страна на многу лица. Захарченко ја објави иницијативата на 18 јули сугерирајќи дека Малорусија ќе ја опфати цела Украина, а Доњецк ќе биде главниот град. Неговата иницијатива наиде на критика од страна на Ккиев и на западот, а не ја доби ни поддршката од Кремљ.