Претрес во куќата на Манафорт, поранешниот соработник на Трамп

Пол Манафорт, поранешен шеф на изборната кампања на претседателот Доналд Трамп.

Агенти на американското Федерално истражно Биро (ФБИ) го претресувале домот на Пол Манафорт, кој беше шеф на изборната кампања на сегашниот претседател Доналд Трамп. Агентите направиле претрес во домот на Манафорт во Вирџинија во рамки на истрагата за руското мешање за време на изборите во 2016

Вашингтон пост, повикувајќи се на луѓе запознаени со истрагата, денеска објави дека агентите на ФБИ заплениле документи и други материјали за време на рација спроведена на 26 јули.

Портпаролот на Манафорт, Џејсон Малони, за американските медиуми потврди дека федералните агенти постапиле по налог за претрес во една од резиденциите на Манафорт.

Тој се повлече од функцијата претседател на изборниот штаб на Трамп во август 2016 година, откако беше обелоденето дека добил голема сума пари од поранешната проруска украинска влада на чело со Виктор Јанукович.