Путин помилува две жени осудени за предавство

Рускиот претседател Владимир Путин.

Две жени кои беа осудени за предавство поради тоа што испратиле пораки за движењето на руската воена опрема во пресрет на војната во 2008 година со Грузија се ослободени од затвор откако беа помилувани од претседателот Владимир Путин. Аник Кесјан и Марина Џанџагава денеска се ослободени од затворот Лефортово.

Кесјан изјави дека ќе се борат за целосно укинување на нивните пресуди. Кесјан беше осудена на 8 години затвор во 2014 година, а Џанџагава на 12 години затвор во 2013 година.