Кина најмногу ќе загуби од санкциите врз Северна Кореја

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека неговата земја најмногу ќе загуби од новите санкции на ОН против Северна Кореја, но е подготвена да ја плати цената. Говорејќи на безбедносен форум во Манила, тој порача дека резолуцијата на Безбедносниот совет на ОН со која се планира да се намали извозот на Северна Кореја за за една третина ја покажува посветеноста на Кина да ги запре нуклеарните тестови на Пјонгјанг. Според него, со оглед на традиционалните економски врски со Северна Кореја, најмногу Кина ќе биде погодена од спроведувањето на резолуцијата.