Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го одложи разрешувањето на Зврлевски

Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов

Пратеникот на СДСМ Петре Шилегов на пресс конференција во Собранието изјави дека тврдењето дека разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи рефомите во судството

" Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години. Во таа насока е и денешното апсурдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори", рече Шилегов.

Според него, процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт. Тој воедно, ги оцени за залудни сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што, вели, добиле поддршка од мнозинството граѓани.