Времето денеска: сончево и многу топло

Во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, локално во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. УВ индексот ќе биде 9. Утринската темепратура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 34 до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата. Температурата до 39 степени.