Талибанците убиле 30 луѓе во провинцијата Сари Пул

Архивска фотографија - Авганистански безбедносни сили во провинцијата Сари Пул.

Талибанците убиле најмалку 30 луѓе во северната провинција Сари Пул, во Авганистан. Тамошните власти изјавија дека милитантите прво зазеле контрола на Мирзавалинг во областа Сајад на 5 август, по два дена интензивни препукуваања со безбедносните сили, а потоа ги убиле луѓето.

Провинцискиот гувернер Захир Вахдат денеска изјави дека жртвите се главно цивили, вклучително и жени и деца, како и припадници на локалните безбедносни сили. Шефот на провинцискиот совет, Мохамад Нуор Рахмани, соошти дека 25 цивили се водат за исчезнати.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, но не и за цивилните жртви и за киднапирањата.

Официјални лица претходно изјавија дека во борбите загинале најмалку седум полицајци и 10 талибански борци, а четворица полицајци се повредени.