Активни пожари кај Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше

Пожар во близина на Требовље. Фото: ЦУК

Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС) соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово Ростуше. Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во содејство и координација со „Македонски шуми“, како и месно население.

Во Општина Чашка пожарот е кај селото Богомила, месноста викана Бела Вода и Урбанци, село Дреново. Пожарот е на непристапен терен за гасење. Ангажирани се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување и тој е локализиран. Авионите се упатени во селото Таор каде гори мешана шума.

Кај Македонски Брод пожарот е околу селото Калуѓерец и месноста Сува Гора кај селото Волче, каде гори запалена сува трева и лисната постилка од борова шума.

Во Општина Маврово-Ростуше регистриран е нов пожар на планината Бистра каде гори трева и смрека. На терен се лица од ЈП „Лопушник“.

Како што соопшти ДСЗ, изгаснати се пожарите кај кумановските села Проевце, Орашец, Слупчане и Умни Дол, во беровско кај месноста Копан Поток, Маџила, село Будинарци и Кочански Рид, село Владимирово. Изгаснати се и пожарите кај гостиварската

Заклучно со вчерашниот ден, според ДСЗ, авионите вкупно имале 295 налети со 837 тони вода. Хеликоптерите се ангажирани во селото Дреново, кај месноста Урбанци.