Кина бара Индија да повлече војници од спорен регион

Кинеското знаме.

Кина го повтори повикот до Индија да ги повлече своите војници од оспорениот регион во Химелаите каде е границата на двете земји и на Бутан. Кинески медиуми јавија дека воздржаноста на Пекинг има свои граници. Индија испрати војници во Доклам регионот во јуни откако нивниот сојузник Бутан се жалеше дека Кина гради пат на нивна територија. Кина тврди дека Доклам е дел од автономниот регион Тибет.