Во напад на талибанците во Авганистан загинаа 5 војници

Припадник на авганистанските безбедносни сили.

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 5 војници загинале во напад на талибанците на пазар за размена на пари во јужната покраина Хелманд. Според властите, три вооружени лица го извршиле нападот. Талибанците соопштија дека целта на нападот биле безбедносните сили и владини објекти.

Реонот Герешк во кој се наоѓаат владини објекти е во близина на пазарот. Герешк е цел на напади во последните недели, а во американски воздушен напад по грешка беа убиени 16 лица, меѓу кои и двајца авганистански војници.