Убиен грузиски војник во Авганистан

Грузиски војници стационирана во водушната база Баграм.

Грузиски војник кој бил стациониран во воздушната база Баграм во близина на авганистанскиот град Кабул бил убиен во заседа додека бил во патрола. Грузиското министерство за одбрана соопшти дека во нападот биле повредени и тројца други војници од земјата, а еден се наоѓа во критична состојба. Досега во мисијата во Авганистан беа убиени 32 грузиски војници. Грузија има околу 860 војници во Авганистан.