Дачиќ: Србија не се согласува дека Русија исцртува граници на Балканот

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Србија не се согласува со изјавата на потпретседателот на САД Мајк Пенс дека Русија со сила исцртува граници на Балканот. „Србија на самитот на Јадранската повелба во Подгорица беше како посматарач, а тоа не значи дека се согласува со се што таму е речено, вклучувајќи и дека Русија со сила исцртува граници тука. Кога станува збор за цртање граници тоа всушност Запад го направи со Србија“, вели Дачиќ за денешното издание на весникот „Вечерње новости“.