Русија смета дека изјавите на Пенс се „менталитет од Студената војна“

заедничка фотографија на учесниците на самитот на Јадранската повелба, Подгорица, 01.08.2017.

Русија ги осуди, како што е соопштено, „дестаблизирачките“ коментари на американскиот потпретседател Мајк Пенс при неговиот престој во Подгорица, оценувајќи дека тоа го покажува менталитетот од Студената војна на Вашингтон. Пенс во Подгорица изјави цитираме: „Русија работи да го дестабилизира регионот, да ги поткопа вашите демократии и да внесе поделби меѓу вас и другите од Европа“. Тој притоа побара Балканските лидери да бидат решителни и некомпромисни во соочувањето со руската агресија. Руското министерството за надворешни работи оцени дека Пенс презентирал лажен и деструктивен избор што „неизбежно води до растечки тензии на Балканот“. „Жално е да се забележи дека Вашингтон се подлабоко се лизга во примитивната идеологија на Студената војна, која е целосно надвор од реалноста“, наведува руското министерство.