Пенс: Иднината на Западен Балкан е на запад

Американскиот потпретседател Мајк Пенс за време на посетата на Црна Гора.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска за време на посетата на Подгорица изјави дека идината на регионот е на запад. Пенс на заедничка прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неговата посета на земјата ја потврдува поддршката на САД на регионот. Тој порача дека влезот на Црна Гора во НАТО е историски успех и ја покажува силата на земјата. НАТО, како што истакна, се состои од големи и мали држави, но САД, според него, немаат мали сојузници и тие го ценат новото сојузништво во Алијансата.

„Верувам дека иднината на Западниот Балкан е на запад и се радувам што ќе работиме на јакнење на врската помеѓу ЕУ, Балканот и САД“, нагласи Пенс.