Тројца убиени во пукање во суд во Москва

Москва-обезбедување во судот по инцидентот,01.08.2017

Тројца обвинети се убиени, а најмалку двајца повредени во пукањето во зградата на Регионалниот суд во Москва при обидот на обвинетите да го земат оружјето од обезбедувањето и да побегнат. Откако биле доведени во судот обвинетите се обиделе да побегнат велат од московската полиција. Притоа како што соопштија тројца од обвинетите се убиени, а двајца ранети. Тие биле дел од таканаречената група ГТА која името го добила по познатата американска игра. На товар на обвинетите се 16 напади во кои се убиени 17 луѓе. Истрагата за случајот беше завршена во октомври 2015 година, а судењето почна во август 2016 година.