Германија против санкциите на САД врз Русија

Руското знаме се вее до американското кај амбасадата на САД во Москва.

Германското министерство за економија ја повика ЕУ да преземе мерки против новите санкции на САД врз Русија. Според министерството, санкциите може да ја загрозат работата на западните компании со нивните бизнис партнери во Русија. Цел на новите санкции се руски енергетски фирми, при што Конгресот го усвои законот во минатата недела и треба да биде потпишан од претседателот Доналд Трамп.

Со санкциите, како што наведуваат од министерството, ќе се доведе под знак прашалник изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ кој ќе се протега од Русија до Германија под Балтичкото море.