СПЦ не го одобри барањето за посета на манастирот Прохор Пчињски

Српската Православна Црква

Српската православна црква соопшти денеска дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчињски.

" По повод барањето официјална државна делегација на Република Макеронија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчињски со своја програма и пораки, Информативната служба на СПЦ ја известува јавноста дека надлежниот црковен орган, поради причини кои се добро познати, а не се променети со години, не одобри посета на државната делегација на РМ на манастирот", се вели во соопштение од СПЦ.