Заев и Борисов утре попладне ќе го потпишат договорот за добрососедство

Премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев.

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов утре попладне во Владата во Скопје ќе го потпишат договорот за добрососедство, пријателство и соработка, соопшти владината прес-служба. Борисов утре со владина делегација ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, при што пред Владата ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, а потоа ќе следи тет-а-тет средба со Зоран Заев, како и средба на членовите на делегациите на двете влади.

По церемонијата предвидени се и изјави за медиумите. Предвидени се и средби на бугарската делегација со неколку министри од македонската влада, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот Ѓорѓе Иванов. Борисов в среда ќе присуствува и на заедничко чествување по повод националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје.