Пенс ја потврди поддршката на САД за балтичките земји

Американскиот потпретседател Мајк Пенс за време на неговото обраќање во Талин.

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја потврди поддршката на Вашингтон за балтичките земји за време на средбата со претседателите на Естонија, Летонија и Латвија. Тој од Талин каде се одржа средбата порача дека САД стојат заедно со нациите од трите земји и секогаш ќе бидат со нив. САД, како што наведе Пенс, ги отфрлаат сите обиди за користење на сила, закани, заплашување и влијание во балтичките земји. Според него, неодамнешните дипломатски акции кои ги презема Русија нема да ги спречат заложбите на САД за одржување на безбедноста на нивните сојузници.