Убиен дописник на рускиот канал РТ

Руската државна меѓународна мрежа РТ соопшти дека еден од нејзините дописници бил убиен во бомбардирањето од страна на силите на Исламската држава во Сирија. Мрежата објави дека Калед Алхатеб бил убиен додека известувал претходно истиот ден за операциите на сириската армија против ИД околу градот Сухна, во источниот дел на провинцијата Хомс. Во соопштението се наведува дека Алхатеб неодамна почнал да работи во каналот на арапски јазик на мрежата, РТ Арабик. Камерманот кој работел со новинарот,бил повреден и хоспитализиран во болница во Хомс.

Руската војска ги поддржува силите на претседателот Башар ал Асад во шестгодишната војна против бунтовничките групи и милитантите на ИД. Москва и коалицијата предводена од Соединетите Држави ги поддржуваат спротивните страни во сириската војна, иако и двете се противат на силите на ИД.