Протест за правата на жените во Истанбул

Неколку стотици лица, од кои најголемиот број жени, синоќа учествуваа на протестен марш низ улиците на Истанбул, со што го изразија своето незадоволство од кршењето на правата на жените, насилството врз нив од страна на мажите и притисоците да се облекуваат „поконзервативно“.

Маршот, одржан под мотото „Не ми се мешајте во тоа како се облекувам“, започна во наслебата Кадиќој во азискиот дел на Истанбул. Некои од учесничките на протестот во рацете држеа закачалки на кои имаше куси панталони, за кои некои мажи сметаат дека е несоодветна облека за жените. Учесниците во маршот скандираа „Нема да се потчиниме“, „Нема да не натераат да молчиме“, „Нема да дозволиме да не исплашат“ и „Ќе успееме со отпор“. Дел од учесниците на протестот изјави дека се почесто има случаи на психичко и физичко насилство врз жените, поради начинот на кој се облекуваат