Двајца мртви, неколку повредени во дискотека во Германија

Германската полиција соопшти дека две лица се убиени, а неколкумина се повредени во пукање во дискотека во јужниот град Констанц. Полицијата објави дека 34-годишниот напаѓач отворил оган во диското, убивајќи еден, а ранувајќи четири други, пред да биде застрелан од полицијата.

Напаѓачот "беше сериозно повреден во престрелка со полицајци додека го напушташе диско, а подоцна и подлегна на раните во болница", се вели во соопштението. Полицијата информира дека специјалните сили се распоредени во градот, бидејќи не е јасно дали осомничениот дејствувал сам или имал соучесници.

Нападот се случи откако 26-годишнен мигрант од Соединетите Арапски Емирати уби еден човек и повреди шест други во напад со нож во северниот град Хамбург на 28 јули. Германските власти изјавија дека напаѓачот покажал знаци на радикализација пред нападот.