Тилерсон ги отфрли наводите дека ќе ја напушти функцијата

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги отфрли наводите дека ја разгледувал можноста да ја напушти функцијата. „Не одам никаде, ќе останам се додека ми дозволи претседателот“, изјави тој по гласините што неделава се проширија во Вашингтон дека заминува од местото државен секретар поради разочараноста од американскиот претседател Доналд Трамп и други луѓе во Белата куќа. Запрашан за неговите односи со Трамп, Тилерсон изјави дека тие биле добри.