Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 32 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 29 степени.