Киев ја запре струјата во сепаратистичките делови

Архива - Просториите на компанијата “Укренерго.“

Државната енергетска компанија на Украина соопшти дека го прекинала снабдувањето со електрична енергија на делови на регионот Доњецк, кој е контролиран од страна на сепаратистите поддржани од Русија. Шефот на дистрибутерот на електрична енергија „Укренерго“, Всеволд Ковалчук, на Фејсбук објави дека во делови од регионот Доњецк кои не се контролирани од Владата се исклучени.

Претходно во април Украина го прекина снабдувањето со електрична енергија во регионот Луганск, кој исто така е контролиран од проруските сепаратисти.