Чавушоглу: Турција работи на подобрување на односите со Германија

шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу

Турција работи на решавање на проблемите со Германија и се надева дека односите меѓу двете држави ќе се подобрат во следниот период. Ова го изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини. Чавушоглу кој оцени дека Турција има проблеми во односите со ЕУ апелираше за продолжување на дијалогот и покрај различните ставови.