Врховниот суд утре ќе расправа по жалбите за притвор за „Таргет“ и „Тврдина“

Врховен суд на Македонија

Врховниот суд најверојатно утре ќе расправа по жалбите за притвор во предеметите на СЈО, соопштија од судот за Радио Слободна Европа. Од Врховниот суд наведуваат и дека седницата на советот ќе биде затворена за јавност.

Тројцата обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски се жалат на одлуката на Апелационот суд, кој по барање на СЈО им определи мерка притвор. Апелациониот суд на 17 јули ја уважи жалбата на СЈО, и ги преиначи првостепените решенија на Кривичниот суд.