Временска прогноза - Сончево и топло до 38 степени

Илустрација

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има ретка појава на дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе биде висок со вредност 9.

Во Скопје слично време со слаб северен ветер и температура до 38 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во секојдневен пораст така почнувајќи од утре во голем дел од државата температурата ќе надминува 35 степени, а на југоистокот ќе достигнува и 40 степени. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.

За време на викендот и в понеделник не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред сè во планинските подрачја на запад и кон југоистокот.

Промена и посвежо време се очекува од вторник кон крајот на денот.