Загриженост за апсењата на христијани во Иран

Илустрација

Центарот за човекови права во Иран изрази загриженост, за како што соопштија, трендот на апсења и затворање на лицата кои преминале во христијанска вера во Иран. Центарот со седиште во Њујорк посочи дека во помалку од два месеци 11 христијански верници заедно со предводникот на една црква биле осудени на долги затворски казни. Христијаните се признаени како религиско малцинство во Иран, но земјата продолжува да ги гони, изјави извршниот директор на центарот, Хади Хаеми.